Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави се примањата на сите членови на комисијата. Сумите се однесуваат за основните нето плати, но висината на надоместоците не е вклучена.
Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски зема основна нето плата од 97.114 денари или над 1.500 евра. Заменик претседателот Куштрим Рамадани има месечна нето плата од 91.276 денари.

Петмина членови на Регулаторната комисија за енергетика земаат по 88.774 денари основна нето плата. Во актуелниот состав на комисијата членуваат Светлана Јаневска, Енвер Ељмази, Панче Орцев, Наташа Вељановска и Атанаско Тунески. Во Регулаторната сепак се вработени и уште дваесетина други лица, во стручната служба и како технички персонал. Просечната плата по вработен е 45.110 денари.
















![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/EhVwe-raketa-proektil-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)














