Ако сте во потрага по брз и топол оброк, овие тортиљи се совршени за вашата трпеза.
Потребни состојки:
– половина лажичка маслиново масло
– едно чешне бел лук
– половина килограм печурки по избор
– зачини: сол, црвена пиперка, куркума, бибер, чили (по желба)
– 2 тортиљи
– зеленчук: домат, зелка, пиперка
Начин на припрема:
1. Исчистете ги и исечете ги печурките на тенки парчиња.
2. На тава, загрејте го маслото и додадете го лукот. Кога ќе поприми жолтеникава боја, додадете ги печурките и посолете, а потоа додадете ги и останатите зачини.
3. Пржете ги печурките на оган околу десетина мнинути додека не пуштат вода, а за да го забрзате процесот, препорачливо е да ја поклопите тавата.
4. Додека печурките се крчкаат, исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња, а потоа додадете го во тавата, добро промешајте и гответе уште 2-3 минути.
5. Извадете ги тортиљите и на нив наредете ја готовата смеса, а потоа замотајте.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















