Топ листа на 22 најмногу платени професии за кои не ви е потребен факултет

285

Немате време или пари да дојдете до диплома? Не се плашете. Постојат доста добро платени работни места за кои ви е потребно само средно образование или средна стручна спрема.

Американскиот завод за вработување дава пример на 22 најмногу платени работни места за кои не ви е потребен факултет.

22. Веб програмери

21. Оператори на нафтени платформи и рафинерии

20. Оператори на плински платформи

19. Техничари за космички операции

18. Електричари, електросервисери

17. Технолози на магнетна резонанца

16. Менаџери во гејминг индустријата

15. Медицински техничари

14. Управители на пошта

13. Инспектори во транспорт

12. Директор на компанија за погребална опрема

11. Оператори во електрани

10. Супервизори во малопродажба

9. Забни техничари

8. Комерцијални пилоти

7. Детективи

6. Диспечери

5. Монтери и сервисери на лифтови

4. Супервизори во полиција

3. Менаџери на транспорт, складирање и дистрибуција

2. Оператори во нуклеарни реактори

1. Контролори во воздушен сообраќај

Овие две професии ќе бидат најбарани во следните пет години

Проширувањето на автоматизацијата неминовно ќе внесе одредени промени на пазарот на трудот, пред сè со укинувањето на мануелните работи кои во иднина ќе може да ги извршуваат машини. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на свеста кај луѓето за потребата од човечката креативност и посебни вештини.

CareerBuilder, глобална платформа за поврзување на работната сила и работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој прогнозира дека во следните пет години ќе вработи осум милиони луѓе. Најголем раст кај вработувањата ќе се оствари во високоплатените дејности (5,7 отсто), потоа во нископлатените дејности (5,6 отсто), а бројот на вработувањата во дејностите со средни примања ќе порасне за 3,8 отсто.

Меѓу добро платените занимања најбарани ќе бидат сметководител(к)ите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува тие да бидат заменети со компјутери. Исто така ќе има зголемена побарувачка за наставниц(чк)и, истражувач(к)и на пазарот, во секторите за компјутерска поддршка и за водоинсталатер(к)и.

Што се однесува до занимањата кои се средно платени, во САД во следните години би можеле да бидат отворени 50 000 работни места за доставувач(к)и. Голема ќе биде побарувачката и за градежни работници, кадри кои одржуваат разни машини, медицински сестри и струки од финансискиот сектор.

Меѓу послабо платените професии, ќе има зголемена побарувачка за трговци, готвач(к)и, негувател(к)и, работници во обезбедување и рецепционер(к)и.