Капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва пред почетокот на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите, вели дека овие два тима имаат најдобри напаѓачи на светот.
Бразилскиот стопер смета дека ниеден тим нема поквалитетна офанзивна линија од триото на Ливерпул Салах – Мане – Фирмино, и од напаѓачите на ПСЖ Мбапе – Кавани – Нејмар.
– Ние сме подготвени, се надевам дека ќе почнеме на вистинскиот начин. Се зависи од нас и затоа сме фокусирани само на нашата игра. Ќе биде спектакл, судир на двете најдобри напаѓачки екипи, изјави Силва.
Тој ќе биде носител на одбраната на ПСЖ која подготви посебна тактика за Салах, Мане и Фирмино.
– Во ПСЖ разговараме како на тактички план да бидеме на ниво. Ќе биде тешко да ги спречиме, ама имаме квалитетна одбрана, додаде Силва.
Ливерпул и Париз Сен Жермен вечер од 21 часот на „Енфилд“ го играат дербито на почетната рунда во Лигата на шампионите.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











