Тешка сообраќајка кај Качанички пат, повредени 4 лица

254

Четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „Фолксваген“ управуван од Г.А.(52) од Скопје и „Фолксваген голф“ управуван од С.М.(41) од с.Батинци, скопско.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.А. и Д.Х.(21), сопатничка во неговото возило, додека возачот С.М. и сопатникот во неговото возило Г.Л.(27) од Р.Албанија, се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.