Тереза Меј дошла во Брисел да разговара со Јункер, кога на нејзиниот автомобил се фрлил човек: Дали сте подготвени да ве прегазат поради Брегзит?

129

Жан-Клод Јункер и рекол на британската премиерка Тереза Меј, дека Европската унија нема повторно да преговара со Лондон за договорот за Брегзит.

Британската премиерка Тереза Меј денес пристигнала во седиштето на Европската унија во Брисел, во нов обид повторно да ги отвори разговорите со ЕУ за Брегзит. Ја дочекал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесува “AP”. 

Еден од учесниците на протестите против Брегзит во Брисел излетал пред конвојот автомобили во кој се наоѓала британската премиерка Тереза Меј.

Марк Џонстон излетал на улицата и се обидел да ја пресече колоната од автомобили во која се наоѓала Меј.

“Дали сте подготвени да ве прегазат поради Брегзит?”, го прашал Џонстон еден новинар по краткото туркање со припадниците на обезбедувањето кои го тргале од улицата.

loading...