Тајната на пилотот на малезискиот авион: Дали перверзните преписки со 23-годишните близначки биле знак за паника?

205

Експертите велат дека однесувањето на пилотот на авионот на летот “MH370”, кој одненадеж исчезнал, капетанот Закари Ахмад Шах, било алармантно.

Поновите истражувања за исчезнувањето на авионот на летот “MH370” изнеле загрижувачки детали за приватниот живот на пилотот.

Капетанот Закари Ахмад Шах бил одговорен кога малезискиот авион со 238 патници и членови на екипажот исчезнал во 2014. година.

Има многу теории за изненадното исчезнување на “Boeing 777”, но новите сознанија би можеле да го насочат прстот кон Шах, по откритието на неговите активности на социјалните мрежи, кои го откриваат неговиот “автодеструктивен” карактер.

Во годината која претходела на исчезнувањето на авионот, Шах прогонувал 34 години помлади сестри близначки од Малезија и им оставал сексуални коментари секогаш кога имал можност.

View this post on Instagram

Two years ago ? ? @qihui0716 #twins

A post shared by Jasmin ? 齐敏 (@qiminlan) on

23-годишните сестри близначки Лан Куи Хуи и Куи Мин Лан добиле повеќе од 97 пораки од Шах во текот на 2013. година – од кои повеќето биле игнорирани.

Шах упорно ги канел близначките да го посетат Куала Лумпур, каде живеел со сопругата и на нивните фотографии од бањата прокоментирал – “Само се туширате?”.

Покрај опсесивните пораки, Закари и отворено ја критикувал малезиската влада, и покрај фактот што работел за државна авио-компанија.

Во април 2013. година, пред изборот на тогашниот премиер Наџиб Разак, Шах објавил 119 постови за Разак, пред тој да му одговори дека “во секој човек има бунтовник”.

Според многумина од компанијата, веќе тоа било сигнал за паника.

“Мислам дека покажуваше одлики на опсесивно однесување, заедно со непочитување, што е необично за пилот”, навел британскиот психолог Пол Дикенс.

И покрај сеопфатната четиригодишна потрага, остатоците од “MH370” не се пронајдени.

“Добра ноќ, малезиски три седум нула”, биле последните зборови од авионот, кој ги упатил некој друг до капетанот Закари Ахмад Шах.