СВАДБАТА ВО МЛАДЕНОВАЦ КОЈА ГО ,,ЗДРМА” БАЛКАНОТ – ТРЕБА ДА ВИДИТЕ ШТО ПРАВИ НЕВЕСТАТА (ВИДЕО)

1155

Балканците се познати ,,весаљаци”, играорци, пејачи. Топли луѓе кои знаат да извадат пијалок и мезе на маса, да пуштат музика и да се веселат до зори.

Правилото во поранешна Југославија гласеше отприлика вака:

,,Во Босна немој да пееш, во Србија немој да играш, а во МАкедонија немој ниту да пееш, ниту да играш, бидејќи тие, Македонците, тоа најдобро го прават.

На социјалните мрежи се споделува видео од свадба во Србија на која најдобро е прикажанао ова што погоре го пишавме. Прво, група на вешти момци се фатија за раце и ја започнаа играта, толку вешто, што девојките не се спротивставија веднаш да им се придружат.

И тогаш се случи магијата. На орото се приклучија и девојките, но и невестата која покажа извонредни играчки квалитети. Токму во моментот кога таа се фати на орото, задоволството кај присутните гости достигна кулминација.

– Убавина е да се види, младост, радост и зачувување на нашата традиција и музичка култура! Добри деца, не се срамат од нашата традиционална музика – напиша Гордана во коментар под видеото.

,,Поздрав наши браќа Срби од Бугарија. Ова што вие го направивте, на запад може само да го сонуваат. Ова е вистинска свадба, а нивните ,,културни” и стерилни таканаречени веселби, во кои гостите седат со телефони во раце.

-Девојки и момци ме расплакавте. Го гледам видеото од далечната Америка и солзи ми се тркалаат по образите од среќа. Децата ме прашуваат мамо што ти е, а јас не знам што да им кажам. Како да им објаснам дека плачам од среќа, напиша Виолета од Чикаго.

Честитки дојдоа и од Македонија, Хрватска, Црна Гора и од сите Европски и прекуокенаски земји каде што живеат луѓе од поранешните Југословенски републики, кои се сега самостојни држави.

Видеото на социјалните мрежи има скоро два милиони прегледи. Вакви и слични видеа можат да се видат и од Македонските свадби. Впрочем, ние неодамна пишувавме за Ивица ,,Челик” Атанасовски кој прави растур на тапан по македоснките свадби (слика погоре).

Вакви сцени кои ги разгоруваат патриотските чувства има и на веселбите кои нашинците ги организираат по повод некои празници во Америка, Австралија, западно европските земји. Во продолжение, погледнете го видеото: