Сугарески го посети клубот на алкохоличари во Прилеп

49

Kaндидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, денеска ги посети членовите од клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“.
-Клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ ја продолжува својата мисија за превенција од алкохолизмот. Тој е несомнено најуспешниот во земјава со над 3.600 излекувани наши сограѓани.

Моментно брои 63 активни членови кои со голема храброст, волја но и посветеност на специјалистот по медицинска психологија д-р Јован Велески, кој волонтерски работи со нив, успеале да се изборат со оваа зависност.
Фасциниран сум од нивната решителност по успешната повеќегодишна апстиненција да преминат од другата страна и одговорно да работат како своевидни психотерапевти помагајќи на помладите наши сограѓани, кои се соочуваат со зависноста од алкохолизмот.
Клубот ја има мојата целосна подршка и ветување дека добрата соработка со актуелната локална самоуправа по победата на локалните избори и моето преземање на функцијата градоначалник, само ќе ја унапредуваме и продлабочуваме преку обострана размена на идеи и предлози за нивно уште поефикасно функционирање. – напиша Сугарески на ФБ.