ПОСКАПЕ ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА

268

Од вчера за 15 отсто поскапе осигурувањето за регистрација на возилата. Новите повисоки цени се однесуваат за коли со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за колите со моќност до 44 киловати останува иста.

Според  новиот ценовник, сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ од 6.166 денари се зголемува на 7.116 денари, за колите со мотор од 66 до 84 КВ од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со мотор од 84 до 110 КВ. Осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе биде 11.879 денари, а досега беше 10.294.

Голем број граѓани вчера биле изненадени од новите цени и прашувале зошто им поскапува регистрацијата, но и вработените не знаеле да им објаснат на што се должи поскапувањето. Од осигурителните компании им рекле дека во системот во кој се прават полисите има нови цени кои стапиле на сила на 25 април.

Цената за осигурување на возилата ја одредува Националното биро за осигурување.