Под слоганот Играј одговорно, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува
соработката со стручните лица за едукација и превенција во насока на одговорното
играње игри на среќа.
Видеолотарија Касинос Австрија под слоганот ИГРАЈ ОДГОВОРНО, ја продолжи соработката со
Здружението на клубови на лекувани зависници на Република Македонија и нивниот тим
составен од стручни лица од областа на психологијата и психијатријата. Преку оваа соработка,
продолжуваме со реализацијата на нашата примарна цел, едукација и превенција за одговорното
играње игри на среќа.
Соработката официјално започна во 2019 година, кога и беше формиран првиот СОС тим од
ваков вид во нашата земја, целосно поддржан од Видеолотарија Касинос Австрија. Беше
активирана и СОС линија 072 809 809 со телефонска поддршка и деск верзија преку имејл. До
2025 во функција беа ставени три стручни советувалишта и тоа во Скопје, Прилеп и Куманово со
своја посебна СОС линија. Годинава веќе се отпочнати и дополнителни активности за нови
советувалишта во Прилеп и Радовиш.
Во насока на едукација и превенција на јавноста, постојано се реализираат едукативни
предавања за учениците низ повеќе факултети и средни училишта во земјава, како и за
родителите/старателите од згрижувачки семејства. Дополнително беа реализирани и
специфицирани трибини поврзани со проблемите кои ги предизвикува прекумерното користење
на психоактивните супстанции и игри на среќа.
И во текот на новата соработка ќе продолжиме со едукација и ќе настојуваме да влијаеме кон
зголемувањето на јавната свест за ризикот и опасностите од прекумерно играње игри на среќа.
Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии,
поседува и сертификат за одговорно приредување игри на среќа, што дополнително укажува на
нашата сериозност како општествено одговорна компанија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















