Србија ќе гради два нови аеродроми

600

Според планот за просторно планирање, Србија од 2021 до 2035 година, ќе добие два нови меѓународни аеродроми. Еден кај Добановце, а вториот во Нови Сад.

Новиот аеродром во Белград ќе биде на локација од 10 километри од сегашниот „Никола Тесла“, 24 километри од Белград. Сегашниот аеродром ќе добие нови сообраќајни и инфраструктурни објекти, а во план е реконструкција и доградба на постоечките објекти.

Комплексот би требало да биде од 1.100 хектари со три патеки за полетување и слетување, два патнички аеродроми, логистичка и слободна царинска зона, модерна навигациска опрема и систем на светлосно обележување и конда ознака на аеродромот 4Ф.

Во Нови Сад, пак, изградбата е планирана на локација која се наоѓа на 15 километри југоисточно од градот, во непосредна близина на автопатот на површина од 300 хектари и кодна ознака 4Е.