Сончево со умерена облачност

157

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер. Во планинските подрачја е можен слаб локален дожд. УВ индексот ќе изнесува 7. Температурата ќе се движи од 22 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени.

Во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време со умерен северен ветер, а во крајните западни и североисточни делови ќе има услови за слаб краткотраен дожд.

В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

loading...