Со бомби е нападната руската амбасада во Атина

652

Маскирани напаѓачи на мотор рано утринава фрлиле експлозивна направа, веројатно рачна бомба во конзулатот на Русија во Атина, јавува Ројтерс.

“Веројатно станува збор за рачна бомба, никој не е повреден”, рекол неименуван претставник на грчката полиција.

Се наведува дека никој засега не ја презел одговорноста за нападот на конзулатот кој се наоѓа во атинската општина Психико.

Ројтерс наведува дека нападите од мали размери на деловни објекти, политичари и амабасади се чести во Грција, која има долга историја за политичко насилство, како и дека левичарските група, урбани герили често преземаат одговорност за тие напади.

loading...