Од 21 до 24 јуни Скопје ќе пулсира во духот на добрата музика и ритам! Причина за тоа е новото издание, трето по ред, на фестивалот “Скопје Колинг# кое на вчерашната прес-конференција ја објави целосната листа на изведувачи на кој покрај веќе познатите светски имиња се наоѓаат и неколку домашни артисти кои ќе бидат задолжени за дополнително загревање на атмосферата.
![]()
Честа да го отвори спектаклот ќе ја имаат “”Axwellamp; Ingrosso” кои ќе настапат на 21 јуни, на 22 доаѓаат “Morcheeba”, а специјално изненадување за втората вечер се и француската атракција “Nouvelle Vague”. На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња – “Texas”, а за прв пат на голем опен ер концерт во Скопје ќе можете да го видите и Дарко Рундек со неговиот бенд. На 24 јуни, пак, ќе настапи големата ѕвезда на електронската музика – Alan Walker кој ќе го затвори четиридневниот фестивалски спектакл.
“Скопје Колинг” важи за еден од најпосетените фестивали на домашен терен и оваа година се очкуваат над 15 илјади посетители.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)

















