Скопјанец со автомобил удрил во дрво па во неколку паркирани возила, тешко повредени три лица

343

Три лица се тешко повредени откако ноќеска околу 01.25 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, 47-годишен скопјанец со автомобил „Шеврлолет круз“, излетал од патот и удрил во дрво, а потоа и во паркирани возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“.

Во сообраќајката, тешко се повредени возачот и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди.

Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

loading...