Ве предупредуваме да не го гледате видеото ако имате чувствителен желудник.
Во британските таблоиди се појавиле снимки од кандидатот за градоначалник на Лондон како ја пие својата урина.
Независниот кандидат Брајан Рос, сам ја објавил снимката во 2018-та годинана во која течноста ја опишал како “соленкаста”. Втор пат овој поранешен банкар ја пиел својата урина заедно со тркачот Тимоти Шиф, и тогаш навел дека мокрачата и “не е толку лоша”.
Снимката потоа била избришана од неговиот профил на Инстаграм.
Американскиот кандидат за шеф на британската престолнина нема некоја голема поддршка од гласачите пред изборите закажани за 6-ти мај, и се очекува актуелниот градоначалник Садик Кан и овој пат да победи на изборите.
Рос, поранешен банкар кој станал Јутјубер – теоретичар на заговори, се истакнал во трката благодарение на неконвенционалната содржина која ја објавува, вклучувајќи и снимка од тренинг на кој вели дека му остануваат уште 38 дена кампања пред одење во војна.
Рос понудил “нова насока” во Лондон преку унапредување на здравствените служби и економско образование и ветил дека со него на чело “човековите права ќе бидат загарантирани”.