Франција згрозена, претседателот претерал: Макрон се фотографирал со поранешен затвореник и полугол маж кој покажува среден прст

557

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно се нашол на удар на критики, овој пат поради фотографии на кои со широка насмевка на лицето, позира меѓу две момчиња во текот на посетата на француските Кариби, при што еден од тинејџерите, без маица и спуштени панталони – покажува среден прст, а другиот, по сопствено признавање, е поранешен затвореник.

Другото момче на фотографијата, која е направена минатиот викенд, кога Макрон влегол во неговата куќа обиколувајќи го карипскиот остров Сен-Мартен, е поранешен затвореник.

Макрон во неделата изјавил дека поранешниот затвореник го запознал при непланираното надгледување на работата на обновата на островот, една година по ураганот Ирма.

“Ги сакам сите деца на Републиката, без разлика на нивните грешки”, порачал францускиот претседател.

Фотографијата едно од момчињата ја објавило на социјалните мрежи, а денес Париз зборува за неа.

Огорчување за таа фотографија посебно изразуваат десничарските политичари. Така, лидерката на крајната десница, Марин Ле Пен, на Твитер напишала дека такво нешто е “непростливо” и дека “Франција заслужува подобро од тоа”.