Сите мислеле дека пронашле егзотична птица, а се испоставило дека тоа е галеб кој имал инцидент

972

Болницата за диви животни во Велика Британија, пред неколку денови во својата ординација имала многу специфичен пациент.

Случајните минувачи на улица затекнале птица која не можела да лета.

Имала портокалова боја и сите мислеле дека наишле на егзотичен вид. Меѓутоа, се испоставило дека е во прашање обичен галеб – полиен со кари сос.

„Светло-портокаловиот галеб го спасиле минувачите кои го нашле на улица. Кога нè повикаа и рекоа дека нашле портокалова птица, немавме идеја што треба да очекуваме и никогаш не би помислиле на ова“, напишале претставниците од болницата на Фејсбук покрај фотографијата.

Како што навеле ветеринарите, карито било насекаде по перјата на несреќната птица и затоа не можела да лета.

„Не знаеме како дошо до ова, но за среќа, освен бојата и мирисот, беше здрав“, додале тие. Галебот сега се вика Вини, нормално по една врста на кари. Ветеринарите го избањале, и Вини сега повторно е сиво-бел.