Шилегов објасни каде ќе се движат двете линии на трамвајот на тркала низ Скопје

106

Највениот автобуски превоз, односно трамвај на тркала или автобуско метро е еден од проектите на Скопје-зелен град, за овој проект зборуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во „10 минути“ на ТВ21. Се работи за проект кој ќе биде реализиран со 70 милиони евра заем од ЕБОР.

„Едната траса е од Лисиче до Ѓорче Петров, а другата од Пинтија до Бутел. Првата траса ќе биде од Лисиче преку булеварот Јане Сандански, врти лево кон црвениот крст, десно низ центарот, по партизанска, до сегашното депо на ЈСП во Ѓорче Петров. Втората линија ќе биде од Пинтија до Бутел“, објасни Шилегов.

Шилегов рече дека станува збор за еден проект кој што сега го користат многу градови, и му е драго што и Скопје е дел од тоа друштво.