Ла Тоја Џексон има бројни пластични операции кои што ја изобличиле, но изгледот е само дел од приказната за неа.
Штом ја погледнете Ла Тоја Џексон (64), ќе сфатите дека имала низа пластични корекции во кои што спаѓаат и операција на носот, зголемување на градите…
Хирурзите ја стеснувале и нејзината брада, ѝ ги „средувале“ образите, подигнувале нејзините веѓи.
Последиците од нејзините пластични операции се фрапантни, а за жал склоноста кон неумерното, па и рекордниот број естетски корекции не е реткост во нејзиното семејство, но сепак тоа е далеку од најголемиот проблем на семејството Џексон.
За тие најтешки проблеми Ла Тоја зборувала отворено во 1991 година во емисија на телевизија, а јавноста често се потсетува на нејзината исповед.
Пејачката открила дека таткото Џо кој што починал во јуни 2018 година, сексуално ја злоставувал и неа и шест години постарата сестра Реби, како и дека нивната мајка Кетрин знаела за сето тоа.

„Кога твојот татко ќе излезе од креветот кој што го дели со вашата мака и ќе влезе во креветот на својата ќерка, а ја слушаш својата мајка како зборува: Не Џо, не вечерва, уморна е. Остави ја да се одмори… Тоа е залудно“, рекла пејачката која што имала само 11 години кога почнале да се случуваат тие работи, а која подоцна била жртва на злоставување.
Притоа, нејзините партнери ја присилувале да снима еротски филмови.
Семејството Џексон само на изглед е среќно семејство, особено кога ќе се појавеле на сцена.

Со текот на времето се дознало дека Џозеф Волтер кој што работел и како менаџер на таленти бил вистински злоставуач, а воедно и татко на пет деца.
Покрај Ла Тоја која што се прославила во 1984 година со хитот „Heart Don’t Lie“, со пеење се занимава и нејзината сестра Џенет Џексон.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

