Вештачки созадениот мирис , кој на мирисите за простории и за тело им дава познат мирис на сандалово дрво , е многу ефикасен во лекување на ќелавоста , тврдат научниците.

Според резултатите од истражувањето објавени во научното списание ,,Nature Communications”, клетките што го обвиваат коренот на секое влакно може да го ,,намирисаат” вештачкото сандалово дрво , а тој мирис ја продолжува клучната фаза на развојот на косата и го стимулира нејзиниот раст.

Олфакторните рецептори, задолжени за чувството за мирис , не постојат само во носот , туку и низ различни други клетки низ телото во кои регулираат различни функции.

Научниците утврдиле дека одредени рецептори го поттикнуваат развиојот на кератиноцитите , пигментни клетки во фоликулите на влакната , што ги обвиваат нивните корени и создаваат кератин , протеин со влакнеста структура , што е главна компонента на косата.

Резултатите на оваа студија ќе треба да се потврдат и со клиничко испитување врз луѓе , што е веќе во тек , а овие резултати ќе бидат објавени во јануари следната година.
Што викаат докторите за опаѓањето на косата ?

-Опаѓањето на косата (алопеција) најчесто не е сериозен проблем, освен доколку се работи за таканаречената симптоматска алопеција, кај која опаѓањето на косата е последица на некое друго заболување. Сепак, алопецијата има влијание врз самодовербата кај мажите бидејќи косата е еден од најзабележливите делови од лицето. Кај многумина претставува силна психолошка бариера во комуникацијата и социјалните контакти.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















