Семјуел Л. Џексон, Селма Хаек и Рајан Рејнолдс започнаа со снимање во Ровињ: “Хрватска е преубава на прв поглед”

643

Семјуел Л. Џексон, Селма Хаек и Рајан Рејнолдс следниот месец ќе престојуваат во Ровињ каде ќе го снимаат филмот “The Hitman’s Wife’s Bodyguard”.

Станува збор за продолжението на филмот “The Hitman’s Bodyguard” во режија на Патрик Хјус, а Ровињ ќе има “улога” на Алмафијско крајбрежје. Семујел Л. Џексон ќе ја толкува улогата на професионалниот убиец Дариус Кинкејд, а неговата сопруга Соња ја глуми Селма Хаек.

Тие секогаш се наоѓаат во проблеми и за помош ќе му се обратат на телхоранителот и поранешниот агент на ЦИА, Мајкл Брајс, улога која ја толкува Рајан Рејнодлс.

Новата филмска локација ветува многу, Хрватска е преубава на прв поглед”, напишал Џексон на својот Инстаграм профил не криејќи го воодушевувањето од убавините на хрватското крајбрежје.

Според пишувањата на хрватските медиуми, Џексон, Хаек и Рејнолдс ќе бидат сместени во најдобрите хотели на Ровињ, а филмскиот сет го обезбедуваат 150 луѓе.

После Ровињ, снимањето најверојатно ќе продолжи во Загреб.

Фото: 24сата.хр
Фото: 24сата.хр
Фото: 24сата.хр
Фото: 24сата.хр
Фото: 24сата.хр