Се’ уште непозната ЕУ земјата која ја спречи бугарската перфидна кражба на КИРИЛИЦАТА

91

Се’ уште е непознато која земја-членка на ЕУ го осуети бугарскиот обид за кражба и присвојување на кирилицата, откако Софија планираше издавање на бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на „бугарската“ азбука. Вчера таа ее блокирана по приговор од неименувана земја членка на еврозоната.

Бугарија го поднела фалсификат-дизајнот за формално одобрување во Советот на ЕУ на 19 мај 2026 година. Според документите што се појавија во европските регистри, монетата не може да биде издадена во сегашната форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ.

Спорот е околу натписот „бугарската азбука“

Монетата требаше да биде првата бугарска комеморативна монета од 2 евра по влезот на земјата во еврозоната. Според првичните најави, таа требало да биде издадена во втората половина на 2026 година, во тираж од еден милион парчиња.

Дизајнот е посветен на кирилицата, но спорниот дел е формулацијата е токму мистификациајата на „бугарска азбука“, која отвори политички и историски чувствително прашање во европски контекст.

Кој приговорил, засега не се знае

Идентитетот на земјата што го поднела приговорот не е официјално објавен. Во јавноста и на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека станува збор за Словачка, но за тоа засега нема официјална потврда. Се споменуваат и имињата на Чешка, Полска па дури и Австрија.

Случајот покажува дека дури и дизајнот на една монета може да стане политичко прашање кога допира до лажирана историја, јазик, културно наследство и европски симболи.

Монетата останува во неизвесност

Бугарија сè уште може да предложи изменет дизајн или нова комеморативна монета, но сегашната верзија не може да продолжи без согласност од Советот на ЕУ.

Засега нема официјално објаснување кои биле точните причини за приговорот, ниту дали Софија ќе се поправи, ќе престане да лажира историја и ќе го смени дизајнот или ќе се обиде повторно да ја протурка монетата во друга форма.