На социјалните мрежи се појави фотографија од напаѓачот од трговски центар во Сиднеј, кој уби најмалку четири лица. Тој со нож избодел случајни минувачи меѓу кои и мајка со своето бебе. Би-Би-Си известува дека вкупната бројка на жртви се зголеми на шест лица, дека мајката починала, додека бебето е на операција.
На снимка, пак, која се појави, може да се види како еден маж застанува пред него и му го попречува патот. Луѓето на социјалните мрежи коментираат дека човекот е кој застанал пред напаѓачот е вистински херој кој со потегот спасил многу животи.
Ужасниот инцидент во Сиднеј се случил околу 16 часот во саботата попладне, при што очевидци велат дека мажот наизменично прободел луѓе, вклучувајќи жена и нејзиното бебе, пред да биде застрелан од полицијата. Трговскиот центар „Бонди“ ќе биде затворен во наредните денови.
Комесарката Веб од полицијата во Сиднеј за Би-Би-Си откри дека полицијата го знае сторителот и вели дека тој бил 40-годишен маж.
– Знаеме малку за ова лице, но чекаме да го потврдиме неговиот идентитет – вели таа и додадва дека веројано не се работи за терористички напад.
Таа информираше дека истрагата ќе трае уште многу, многу денови.
Премиерот на Австралија Ентони Албанезе рече дека се работи за ужасен чин:
– Ова беше ужасен чин на насилство насочен кон невини луѓе кои пазаруваа во оваа обична сабота. Изразуваме најдлабоко сочувство и сочувство до сите што изгубија некого.