Се појавија фотки од децата на сопругата на Макрон – ќерка и е нејзина копија и вистинска убавица (ФОТО)

685

Емануел Макрон има 39 години, а неговата сопруга Брижит е постара од него 24 години. Кога се запознале, тој бил ученик. Уште на 16-годишна возраст и` рекол дека ќе се ожени за неа. Тоа е приказната на новиот француски претседател која веќе сите ја знаат. Но, помалку е познат фактот дека Брижит има три деца и дури седум внуци.

Новата прва дама на Франција, Брижит, пред врската со Емануел Макрон била во брак со банкарот Андре Луј Аузиер, со кого има три деца – синот Себастијан (41) и двете ќерки Лоренс (40) и Тифани (33), пишува порталот Voici.fr.

Банкарот ја дознал вистината за неговата сопруга откако соседите го предупредиле дека младиот Макрон постојано доаѓа во нивната куќа. Тој веднаш се иселил од нивниот дом. Ги изгубил врските, угледот и парите.

Парот се развел во 2006 година, а следната година Брижит и Макрон се венчале. Себастијан е најстарото дете на Брижит, а она што е интересно е тоа што е постар од својот очув. Тој е роден во 1975 година и е инженер специјализиран за статистика, така што бил многу ангажиран во кампањата на неговиот очув, пренесува Fr.news.yahoo.com.

Работел во институтот во Париз, а моментално работи во глобалната компанија Kantar Health. Оженет е и тој и сопругата имаат две деца.

Лоренс е генерација со Макрон и заедно оделе во средно училиште. Во тоа време, во една прилика за Макрон рекла: „Во моето одделение има една будала која знае се` за сешто.“

Таа по професија е кардиолог и исто така била ангажирана во претседателската кампања на нејзиниот очув. Лоренс е мајка на три деца.

Најмладата ќерка, Тифани, била многу мала кога нејзината мајка Брижит престанала да живее со нејзиниот татко. После својата матура, таа заминала во Париз каде што студирала право. После неколку години студии станала адвокат и се вратила во родниот град каде што почнала да работи. Таа е мајка на две деца, пренесува Voici.fr.