Несекојдневни ископини пронашле градежните работници кои работат на реконструкција на улица во скопската населба Карпош 4.
Како што е објавено на официјалната фејсбук страница на Музеј на град Скопје, при градежниот зафат во близница на слаткарницата „Палма“, пронајдени биле камен саркофаг и три елементи на надгробен олтар, кои потекнуваат од римски период, од 2 век од нашата ера.
Интересен куриозитет е тоа што голем дел од артефактите изложени пред Музејот на град Скопје се ископани на локации во близина на трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3 кој е изграден на место каде во минатото се била една од некрополите на Скупи.
Кога проаѓате покрај Музејот на град Скопје, не проаѓајте како покрај турски гробишта, пошто тоа се стварно гробови ама од римскиот период. Потекнуваат од една од некрополите на Скупи и пронајдени се на истото место каде денес се наоѓа ТЦ Лептокарија, пред да биде изграден pic.twitter.com/9zBZ22w3kp
— Vasilka Dimitrovska (@Arheoblog) August 13, 2018