Парче мраз поголемо од шпанскиот остров Мајорка се одвои од ледената плоча Рона на Антарктикот и вплови во морето Ведел. Тоа е најголемата санта мраз на светот.
Европската вселенска агенција на сантата мраз му го даде името А-76.
Парчето мраз е со површина од околу 4000 километри квадратни, и со должина од 160 км на најдолгата оска, а широко е 26 километри. Според американскиот Национален центар за мраз, ова е најголемата санта мраз во светот.
Според големината, сантата мраз е 134-тиот по големина остров во светот. Туристичкиот остров Мајорка во Шпанија во Средоземното Море зафаќа 3.640 км2.
Откинувањето на парчето мраз А-76, кое наскоро ќе се подели на две или три дела, не е поврзано со климатските промени, вели експертот за глечери Тед Скамбос, од Универзитетот во Колорадо.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















