Дваесет и седум возачи се санкционирани за пречекорување на брзината во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, кога биле евидентирани четири сообраќајки во кои полесно се повредени две лица.
Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај осум возачи под дејство на алкохол, 19 кои возеле пред да се стекнат со право на управување возило, двајца возачи почетници. Исклучени се и 10 нерегистрирани возила и едно технички неисправно.
За 53 возила се издадени мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 49 возила.
Изречени се санкции и за осум пешаци за поминување на црвено светло и надвор од пешачки премин, а исто толку возачи се казнети за неправилно престигнување и престројување. Евидентирани се и седум лица кои не користеле заштитен шлем при возење велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ ВЕСТИ ОД СКОПЈЕ







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)










![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)





















