Сандра – Африка стана театарска глумица: Пејачката дебитира во претставата „Кој ти ја тресе… црешата?“ (ВИДЕО)

605

Сандра Африка признава дека со нога никогаш не стaпнала во театар, што не ја спречило да ја прифати улогата во претставата на Марко Јовичиќ „Kој ти ја тресе… црешата“?

Пеачката, чија кариера започна како придружна танчарка на настапите на фолк ѕвездата Миле Китиќ, бескрајно се радува на театарското деби.

„Не сакам да одам во театар и никогаш во животот не сум гледала претстава. Ме нервираат сите такви големи собири и гужви. Единствено нешто каде што сум била, а е од тој тип, е една модна ревија и еден концерт, изјави пеачката за српските медиуми, но не објасни како се соочува со гужвата на нејзините настапи.

Една од главните улоги во претставата „Koј ти ја тресе… црешата?“, улогата на Цреша, ја добила „преку врски“.

„Мојот долгогодишен пријател Драган Маринковиќ – Маца, ме повика да отпеам една песна за потребите на претставата. После тоа дојдовме до идеја да глумам. Ја играм девојката која се вика Цреша и која има две момчиња, но, не смеам да откривам што ќе се случува со нив“ – раскажа Сандра и ги повика сите заинтересирани да ја погледнат премиерата во четврток, на 2 јули во „Академија 28“.

Иако не е љубител на театарските уметности, Сандра не би имала ништо против да заигра во филм, и тоа со Милош Биковиќ.

„Тој сјајно се снајде во улогата на криминалецот Петар Мараш. Баш ми се допадна како тоа го изнесе. Би ми било драго да бидеме партнери на филмското платно“ – ги открива своите скриени желби сексапилната пејачка, признавајќи и за колку пари би можела да се соблече на филм:

„Секси сцените не ми се нешто непознати затоа што во многу од моите спотови сум провокативно облечена. Би се разголила за потребите на некоја улога и за тоа би барала 15. 000 евра. Единствен услов би било сето тоа да биде професионално и да изгледа еротски, а не вулгарно порнографски“ – признава таа.

Инаку, „Кој ти ја тресе црешата“, е претстава чија содржина се темели според сценариото од филмот „Душкала“ од 1972 година, по текстот на Харолд Пинтер.