Руски научници развиваат лек за коронавирус заснован на крвта од закрепнатите пациенти – ќе се прима интравенски

93

Практично, оние кои што веќе оздравеле од коронавирусот би можеле да бидат ‘лек’ за оние кои што се заразени…

Научниците од рускиот Институт за хемиска биологија и фундаментална медицина, подготвени се да развијат лек за коронавирусот кој што е заснован на крвта од оние кои што закрепнале од инфекцијата, соопштила прес-службата на Институтот.

Наведено било дека експерименталниот лек ќе биде збогатен со фракција на антивирусни имуноглобини во крвта, извадени од плазмата на пациентите кои што закрепнале од коронавирусот, пренесуваат од „TASS“.

Се очекува дека работата на развојот на лекот ќе трае 30 дена и дека истиот ќе се прима интравенски.

До денес, ширум светот од коронавирусот се заразени над 850.000 луѓе, а пријавени се над 42.000 смртни случаи.