Руските државјани масовно дадоа поддршка за уставните реформи, кои ќе му овозможат на Владимир Путин да остане на власт уште 16 години, односно до 2036 година.
Ова го кажуваат првите резултати од референдумот кој беше спроведен седум дена сред пандемијата на коронавирусот.
Изборната комисија на Русија објави дека 78% од граѓаните гласале на референдумот, и со тоа Путин ќе има право на уште два шестгодишни претседателски мандати, откако ќе му истече актуелниот кој е до 2024 година.
Опозицијата се противеше на гласењето, велејќи дека тоа е направено за Путин доживотно да биде прв човек на државата.