Роналдо се врати во Јунајтед, но неговата бивша сосетка од Торино раскажа како е да се живее во негова близина

790

Кристијано Роналдо ја започна оваа фудбалска сезона како член на Јувентус, но набргу се врати во Англија, во „својот“ Манчестер Јунајтед. Навивачите на „црвените ѓаволи“ едвај дочекаа да ги видат првите фотографии на Роналдо во дресот на нивниот омилен клуб.

Но додека го носеше црно -белиот дрес, Кристијано со семејството живееше во елитниот дел на Торино.

А таму,  нивна прва сосетка беше Елизабет Бети Борел, ќерка на Фелисе Борел, легендарниот италијански фудбалер од периодот помеѓу двете светски војни.

Во разговор за италијанските медиуми, таа откри како живеело семејството на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Роналдо (36) живееше во вила со сопругата Георгина Родригез (27) и четирите деца, а Бети вели дека тие биле идеални соседи.

„Се плашев од гласни забави и врева, но Кристијано и неговото семејство беа најдобрите соседи што некогаш би можела да ги посакам. Целосна тишина, без забави и врева. Татко ми исто така беше познат фудбалер, но во други времиња. Возеше Фиат, а јас го гледав Кристијао во Ролс Ројс секој ден. Едвај го препознавав бидејќи има затемнети стакла. Гаражата беше полна со спортски автомобили, вклучително и еден Лотус. Имаа прекрасен затворен базен и мала, прекрасно уредена и одржувана градина“ – изјави Бети Борел за „Кориере дела Сера“.

Бети тогаш зборуваше за децата на Роналдо:

„Имав детство како и сите мои врсници, а децата на Роналдо живеат поинаку. Често го гледав Кристијано Јуниор (11) како вози скејтборд на заштитен дел од улицата, но не можете само да влезете во тој дел од улицата бидејќи има рампа и секогаш имаше телохранители. Истото важеше и за Георгина кога, како и сите млади мајки, сакаше да прошета со своите деца кога беше добро времето. И ако улицата беше празна, кај нив секогаш имаше телохранители. Златен кафез? Па да … Нешто слично. Мислам, Кристијано Јуниор најчесто одеше на училиште или тренираше во Јувентус како татко му. Имам четири внуци на негова возраст, а други негови врсници се во соседството. Можеше да си игра со нив, но јас го гледав тоа дете постојано само“ – рекла соседката на Роналдо, Елизабет Бети Борел.