Познатиот американски глумец Роберт Редфорд по шест години ѝ се врати на глумата, со помала улога во ТВ-серијата „Мрачни ветришпта“ (Dark Winds). Легендарниот актер е и извршен продуцент на проектот, заедно со Џорџ Р.Р. Мартин.
Редфорд (денес 88-годишен) и Мартин глумат затвореници кои играат шах, покрај главниот лик – навахо полицаецот Џо Лифорн (Зан Мекларнон), кој немаше ништо друго освен пофалби за нив.
– Роберт и Џорџ се прекрасни човечки суштества… Го минав викендот со Роберт, а седењето и разговорот со него беше како остварен сон. Тој беше мојот личен херој додека растев, рече домородноамериканскиот глумец.
Според „Валчр“ (Vulture), сцената со Роберт и Џорџ била направена на затворено снимање, како што побарал Редфорд. Режисерот на епизодата, Крис Ејр рече дека замислата тие да одглумат макар неколку минути, е присутна уште од првата сезона.
– Боб е толку љубезен и беше така симпатичен тој ден, а исто така, и Џорџ. Но, се сеќавам дека Зан се сврте кон мене пред да почнеме да снимаме и ми рече: „Ти правиш сцена со Роберт Редфорд – тоа е неверојатно”. А, јас реков: „Зан, те молам биди тивок. Ме правиш нервозен”, ракажува режисерот.
Во 2018 година Редфорд објави дека се пензионира, а потоа ја повлече изјавата. Последната улога на Роберт пред ова беше во суперхеројскиот „Одмаздници: Крај на играта“ во 2019 година, но сѐ уште е во филмската индустрија, претежно – зад камерите.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











