Рие де Жанеиро е втор град по големина во Бразил. Сè до 1960-та година бил главен град на Бразил, а во периодот од 1808-ма до 1821-ва година е главен град на Португалското царство.
Градот официјално е основан во 1565-та година, а неговиот првичен назив бил „São Sebastião do Rio de Janeiro“, во чест на португалскиот крал Себастијан Први, а неговото име значи Јануарска река.
Прекрасното природно опкружување, карневалите, самбата и плажите како што е Копакабана и Ипанема се нешто по што е препознатлив Рио. Сепак, најпознатата атракција и заштитниот знак на овој град е статуата Кристо Редентр (Крист Спасителот), кој се наоѓа на брдото Корковадо. Овој споменик во неколку наврати е именуван како еден од седумте светски чуда.
Во овој град се наоѓа и еден од најголемите стадиони на светот, Маракана, а неговиот надимак е Ciudad Maravillosa, што значи „Чудесен град“. Во него „живеат“ 6,3 милиони жители, кои се нарекуват Кариоки.
Рио е поделен на четири дела: центар, јужна зона, северна и западна зона.
Центарот го претставува историскиот дел на градот, во кој можете да ја видите колонијалната зграда Пако Империал, која служела како резиденција на португалскиот гувернир на колонијалниот Бразил, а потоа катедралата Канделариа и трамвајот Бондинхо.
Во јужната зона се наоѓаат сите големи плажи на овој град, како што се Копокабана, Лема, Ипанема и многу други. Освен тоа, тука е и брдото Пао де Асукар или Шеќерна глава, до чиј врв можете да дојдете со жичара од плажата Праиа Вермелха.
Во северната зона се наоѓа прочуениот стадион Маракана, а овде можете да ја посетите и империјалната палата Пасо, во која се наоѓа Бразилскиот национален музеј.
Тоа што е интересно, а е поврзано со овој град е тоа што проституцијата е во целост легална.
Значи, доколку не сте го виделе споменикот Крист Спасителот, планината Сугарлоаф, плажите Ипанема, Копакабана, Самбодрома, стадионот Маракана и Националниот парк Тијуца, тогаш практично не сте биле во Рио.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)






![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

