Реваншот ќе се игра на Бернабе, но во меѓувреме, Риверплејт заработи двојна казна од КОНМЕБОЛ

249

Поради инцидентите кои се случија пред самиот натпревар од реваншот во финалето на Копа Либертадорес на Монументал, Риверплејт ќе мора да плати казна.

КОНМЕБОЛ вечерва потврди дека Риверплејт, поради несоодветниот однос на нивните навивачи, кои директно беа инволвирани во прекин на мечот, ќе платат и казна и ќе добијат суспензија на својот стадион.

Риверплејт како клуб ќе мора да плати 400.000 долари на федерацијата во Аргентина, а ќе мора да одигра и два меча на неутрален терен без своите навивачи.

Имено, реваншот и дефинитивно е закажан за осми декември а ќе се игра на Бернабеу.