Реакцијата на овој Белграѓанин за крајот на “Game of Thrones” стана хит на Балканот: Неговите зборови на сите им одѕвонуваат во уши

855

Телевизијата “N1” во понеделникот посвети цела емисија на анализа на “Game of Thrones” кој тој ден заврши со своето емитување. Во текот на емисијата имале и кратка анкета во која случајните минувачи го дале своето мислење, а една реакција стана хит на социјалните мрежи.

Новинарите најмногу ги интересирало што луѓето мислат за крајот на серијата “Game of Thrones” кој предизвика различни реакции помеѓу гледачите. Многумина останаа толку незадоволни од развојот на настаните, што покренаа петиција повторно да се снима последната сезона.

Од анкетата на “N1” најмногу се издвоила реакцијата на едно младо момче на белградските улици.

“Не можам да верувам дека така ја уништија”, повторувалo видно вознемиреното момче, додавајќи повеќе пати како авторите на серијата уништиле сè.

Погледнете ја неговата реакција на 30:30 минути и кажете нѝ – дали се согласувате со него?