Разговорот помеѓу Гаскоњ и Марадона пред почеток на натпревар: Малку сум пијан… Не се секирај, и јас сум пијан

507

Пол Гаскоњ го сподели своето искуство со Диего Марадона, Англичанецот раскажа како двајцата малку пијани се појавиле на пријателски натпревар помеѓу Севиља и Лацио.

По смртна на Диего Марадона, од сите страни на светот пристигнуваат пораки, а многу поранешни фудбалери споделија приказни и искуства со легендарниот Аргентинец.

Пол Гаскоњ реши да раскаже за средбата со Диего Марадона во 1992, кога Севиља и Лацио играле пријателски натпревар.

„Во авионот испив неколку пијачки, па кога го видев во тунелот пред да излеземе на терен, му реков „Диего, малку сум пијан“. Ме погледна и ми рече, „Не се секирај Газа, и јас сум малку пијан““ – открива Англичанецот.

„На мечот, издриблав четворица, дадов гол и му реков на Марадона, „Ајде да те видам ако можеш подобро“. Но погрешив, тој потоа беше неверојатен, права фудбалска магија. Каков играч“.

„Моја икона е Брајан Робсон, но Диего беше феноменален фудбалер“.