Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна, стои во соопштението од Министерството.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.
Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.
Повеќе информации ќе бидат познати на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за 15 часот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















