Пукотници во Атина, песметка меѓу Руси и Албанци

1116

Во судир на две групи, едните Руси, а другите Албанци кој потоа прераснал во вооружена пресметка попладнево во Атина повредени се две лица.

Полицијата соопшти дека до судирот дошло меѓу групи Руси и Албанци во атинскиот дистрикт Перистери од засега непознати причини, како и оти двете групи употребиле огнено оружје.

Се слушнале пукотници, а минувачите набрзина побарале засолниште. Двајца странски државјани се ранети во нога.

На местото пронајдени се осум чаури од куршуми, а повредените се превезени во болница, пренесува АНА.

Полицијата покрена истрага и ги уапси учесниците во инцидентот.