Пукање на аеродром во Канада, има загинати

682

Едно лице загина во престрелка на главниот терминал на меѓународниот аеродром во Ванкувер, Канада, објавија локалните власти.

Твитер-профилот на аеродромот претходно соопшти дека раководството соработува со полицијата, а подоцна е додадено дека ситуацијата е ставена под контрола.

„Мажот беше убиен во неделата попладне во близина на терминалот за домашни летови“, објави полицискиот оддел за убиства.

Службениците за спроведување на законот не дадоа повеќе детали, но „Си-би-ес њуз“ наведува дека полицијата трага по еден или повеќе осомничени во врска со пукањето.

Брзата помош на аеродромот реагираше и две единици беа испратени на местото на инцидентот. Менаџментот на аеродромот подоцна објави дека објектот е отворен и безбеден за работниците и патниците, но препорача патниците сепак да проверат кај авиокомпаниите преку кои патуваат за статусот на нивниот лет.

„Нашите мисли се со оние кои беа нападнати по повод денешниот инцидент“, се наведува во соопштението на аеродромот.