Група граѓани денес во 12 часот ќе протестираат пред Основното јавно обвинителство против, како што велат, прогонот на Моника Ристеска. Тие велат дека пристапот на судијата кој на активистката Ристеска ѝ одреди триесетдневен притвор е ригиден и неприфатлив.
„Ги повикуваме сите слободоумни граѓани и оние кои се, но и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Основното јавно обвинителство – Скопје во 12:00 часот. Целта е да го изразиме нашето незадоволство и да ја искажеме нашата поддршка за неправедно затворената Моника“, пишува во најавата на социјалните мрежи што ја објави здружението „Билка“.

Слоганот на протестот е „И јас сум Моника, апсете ме“. Активистката Моника Ристеска доби 30-дневен притвор, откако претходно беше изведена пред судија на претходна постапка. Таа е спроведена во затворот во Шуто Оризари. Судот ја прифати мерката за обезбедување присуство која ја побара Обвинителството. При вчерашниот претрес во нејзиниот дом полицијата пронашла 30 мл масло од канабис и 15 гр канабис.
















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















