Пријатели си изградиле свој град за да живеат заедно кога ќе се пензионираат

248

Пријателите се луѓе кои доаѓаат и кои си одат од нашиот живот. Без разлика колку ви е драг некој пријател, животните околности можат да ви ги разделат патиштата и никогаш повеќе да не се видите. Но, овие пријатели решиле да не дозволат да им се случи тоа.

 

Овие четири пара се дружеле веќе 20 години, но секогаш им било тешко да останат заедно во ист град.

Бидејќи не се помирувале со тоа да бидат разделени, решиле да најдат некое решение и одлучиле да си направат мал град во кој ќе живеат заедно откако ќе се пензионираат.

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-02.jpg

Тие собрале пари и изградиле одржливи кабини покрај реката Лано во Остин, Тексас. Кабините се дизајнирани од архитектот Мет Гарсија и секоја од нив чини по околу 40.000 долари.

Пријателите го нарекле гратчето Llano Exit Strategy и планираат да се пензионираат таму.

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-03.jpg

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-04.jpg

Кабините се дизајнирани на тој начин што го извлекуваат максимумот од нивното опкружување. Нивните рефлексивни ѕидови и изолирани прозорци ги одржуваат кабините ладни дури и во лето.

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-10.jpg

До кабините се наоѓаат буриња за вода во кои собира и до 18.000 литри дождовна вода.

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-09.jpg

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-11.jpg

Секоја кабина има брачен кревет, тоалет и трем. Ентериерот е изработен од иверица, со што значително се намалила цената на куќичките.

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-05.jpg

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-06.jpg

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-07.jpg

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-08.jpg

„Овде е како во филм од Дизни. Имаме рисови, елени и секакви птици. Како што минуваме повеќе и повеќе време овде, наоѓаме повеќе животни“, изјавил еден од пријателите.

prijateli-si-izgradile-svoj-grad-za-da-zhiveat-zaedno-koga-kje-se-penzioniraat-12.jpg