Претседателот на Бреша: Балотели е црн и треба да се „осветли“

214

Претседателот на Бреша, Масимо Челино ја шокира јавноста со последната изјава поврзана со Марио Балотели. По дуелот со Рома, кој Бреша го загуби со 3-0, првиот човек на клубот имаше контроверзен коментар, кој мораше дополнително да го објаснува.

„Што сакате да ви кажам за него? Тој е црн и работи да се осветли. Не можеме да мислиме дека еден фудбалер ќе ни обезбеди опстанок. Тоа би било погрешно за тимот“, изјавил Челино пред медиумите на „чизмата“.

Откако Балотели беше изземен од стартниот тим на Фабио Гросо за натпреварот против Рома, јавноста почна да шпекулира со причините за изоставувањето, а Челини во обид да ги сопре шпекулациите, направи уште поголем проблем. Клубот со соопштение објасни дека се работи за „парадоксална шега“ и не треба да му се дава расистичка конотација.

„Се работи за парадоксална шега, погрешно разбрана од јавноста. Целта беше да се намали вниманието на јавноста за да се заштити нашиот фудбалер“, се вели во соопштението на клубот..

На тимот на Бреша не му оди најдобро и по 14 коло се наоѓа на последното 20-то место со само седум бода.