Пратеникот на Левица Крмов со навреда до тие што ја напуштаат партијата: Нека се расчисти ѓубрето (ФОТО)

1460

Борислав Крмов, пратеник на Левица во Собранието на социјалните мрежи ги навредува тие што напуштаат партијата, велејќи дека се ѓубриња.

„Нека се исчити ѓубрењето“, напиша Крмов на Фејсбук.

Носителот на советничката листа на Левица во Аеродром и советник во Општината, Дарко Масларковски неодамна објави дека повеќе не е член на политичката партија, а одлуката како што вели ја донел базирана на повеќе причини поради кои не може да остане рамнодушен.

Исто така вчера претседателот на Советот на Општината Карпош, Бранко Ристов објави дека си поднесува оставка од сите внатре партиски функции.

Курир објави и писмо од разочарани членови на Левица кои велат дека постојат внатрепартиска криза.