Актерката Дајана Кругер (42) и ѕвездата на серијата „The Walking Dead” Норман Ридус (49) станаа родители на девојче. Познатиот двојка често ја нарекуваат „убавицата и ѕверот” поради нежната надворешност на Дајана и „bad boy“ изгледот на Норман.

На Дајана Кругер ова и е прво дете, а на Норман Ридус второ. Тој веќе има 19-годишен син Минг, со модел на Хелен Кристенсен.

Кругер има еден брак зад себе. Таа беше кратко во брак со францускиот колега Гијом Кане, а по разводот таа рече дека никогаш повеќе нема да се омажи. Ридус никогаш не се женел, но изгледа Кругер успеала да го смири.



















![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)
















