Повредени шест лица, 11 сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје

104

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај биле исклучени 30 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и девет нерегистрирани возила.

Санкционирани се и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

За непрописно паркирање биле казнети 72 возачи, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 60 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за  неносење сигурносен појас и девет за користење мобилен телефон  при возење.

loading...