Повеќе од 100 земји ја поддржаа Австралија: Се бара независна истрага за потеклото на коронавирусот!

474

Повеќе од 100 земји го поддржаа повикот на Австралија да биде спроведена независна истрага за потеклото на вирусот Ковид-19, изјави денес австралиската министерка за надворешни работи, Мариса Пејн.

Таа изјави дека целта на истрагата е меѓународната заедница преку соработка подобро да се подготви за борба против следната пандемија.

Австралискиот премиер Скот Морисон наведе дека иницијативата на таа земја за отворање на истрага нема за цел да се обвини некоја земја: „Тоа е искрено прашање со искрена намера и искрен мотив“.

Меѓу земјите кои на почетокот ја поддржаа австралиската иницијатива се сите земји на Европската унија, како и Велика Британија, Русија, Канада, Индија, Индонезија, Јапонија и Нов Зеланд.

Сега им се придружија и уште неколку африкански земји, па вкупниот број порасна на 116.

Се очекува дека денес на 73-та седница на Светската здравствена организација да биде усвоена резолуција со која би се истакнала потребата за спроведување на непристрасна, независна и сеопфатна проценка на меѓународен одговор на пандемијата на коронавирусот која би била координирана од СЗО.