Во Белград сè понапнато, нападнат Сергеј Трифуновиќ (ВИДЕО)

283

Група млади луѓе што дојдоа да протестираат пред Собранието на Србија, го нападнаа лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ.

Според Нова.рс, група демонстранти буквално го истуркале од протестот и тој бил принуден да си замине.

Тие истурале вода врз него и го мавале со лименки пиво. Трифуновиќ си заминал повреден.

„Дојдовме да протестираме, а Сергеј отиде во првите редови да работи лајв. Тогаш го нападнаа група ‘фашистички го*на’“, рече Александар Радовановиќ, член на Движењето на слободни граѓани, и додаде дека најверојатно е удрен во главата, бидејќи му се гледала крв.

„Тој успеа да избега, не знаеме каде, но успеа да избега“, рече Радовановиќ.

Откако Сергеј замина, група демонстранти продолжија да го бркаат Радовановиќ и за малку ќе дојдеше до физички судир, но за среќа тоа не се случи.

Групата демонстранти извикуваа: „Марш дома, нема да ни го украдеш протестот“.