Португалија се подготвува за пеколен бран: Следуваат денови со температури од 45 степени, сите стравуваат од најлошото…

0
118

Португалските власти мобилизираат засилување на противпожарните служби пред доаѓањето на топлотниот бран со цел да се избенат пожари како минатата година кога загинаа 112 луѓе.

„Оваа година ќе имаме 10 илјади луѓе кои што ќе бидат подготвени за реакција на територијата на целата земја“, изјави протугалскиот министер за внатрешни работи Едуардо Кабрита, кој што порача дека се формирани големи екипи од пожарникари, доброволци, полицајци и војници.

Според неговите зборови, Португалија сега располага со двојно повеќе припадници на структурите за итни интервенции, односно од 500 на 1050 луѓе.

Се очекува целиот Пиринејски полуостров да биде погоден од пеколен топлотен бран оваа седмица. Се проценува дека речиси најголемиот дел од Португалија, како и јужна, западна и централна Шпанија ќе бидат погодени од температури повисоки од 40 Целзиусови степени, а во одредени делови температурите ќе се искачат и над 45 степени.

Метеоролозите прогнозираат дека ситуацијата на Пиринеите ќе биде најкритична од четврток до недела. Освен што ваквите временски услови се опасни по здравјето на луѓето, таквите услови се идеални за предизвикување и ширење на пожари.

Инаку, со невообичаено високи температури се носи и северот на континентот. Во текот на викендот беа измерени над 30 Целзиусови степенина самиот север од Норвешка, а на некои мерни места температурата не се спуштила под 20 Целзиусови степени, што значи дека и Скандинавија има своја тропска недела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here